БИТОЛЧАНЕЦ ПРОБАЛ ДА ИЗВРШИ НАПАД СО МАЧЕТА, ТАТКОТО НА БИВШАТА СОПРУГА ГО ЗАСТРЕЛАЛ

Денес во Битола 44 годишен маж насилно влегол во куќата на својата бивша сопруга и се заканувал со голем нож ( мачета).

Таткото на неговата бивша сопруга го усмртил 44 годишниот битолчанец застрелуваќи го со пиштол. Сега починатиот подлегнал на прострелните рани на лице место и екипите на брза помош само констатирале смрт.

Извршен е увид на местото и телото ќе биде дадено на обдукција.

Судот ја Ослободи Велешанката која во Самоодбрана го Уби Партнерот

После една година велешкиот суд и изрече ослободителна пресуда на велешанката Пале Илиоска.

Младата девојка пред една година била нападната од својот невенчан сопруг и обидуваќи се да го заштити сопствениот живот со нож му нанела смртни повредни.

Во текот на постапката обвинетата изјави дека не чувствува вина бидеќи го извршила делото во самоодбрана.

На обвинетата и се закануваше обвинение за убиство во миг за што се предвидува поголема затворска казна, но судот пресуди дека се работи за самоодбрана.

Како да изберете Оптички Нишан?

Во последнава декада користењето на оптики во светот на ловот доживува огромен бум особено во Македонија и балканот каде историски не се употребуваа премногу и луѓето најчесто ги избегнуваа. Денес луѓето не само што ги користат на карабини туку се почесто почнуваме да ги гледаме и на сачмарки – па дури и на пиштоли.

Причината за сето ова е очигледна, за да постигнеме добар погодок со класичните механички нишани ние не само што треба да ја пронајдеме целта туку треба и да ги порамниме и доколку овој процес не е направен правилно шансата за промашување е огромна. Со оптичките нишани од друга страна се што треба е да ја ставиме кончаницата/крстот/точката на метата и да го повлечеме чкрапалото. Додатно оптичките нишани имаат и зголемување што го прави пронаоѓањето и одстрелувањето уште полесно – ако го гледаме подобро шансата за прецизен погодок е поголема – така?

Но во денешното море од најразлични оптики многу е лесно не искусните ловци и стрелците со помали познавања од темата да се загубат во огромниот број на различни ознаки, модели и термини. 3-9х40, 6-24×50, 1-6×24 – што значат сите овие бројки и како знам што ми треба мене? Истите оптики кои носат ознака 3-9х40 можат да чинат 200€ но и 2000€ што отвора уште едно прашање – која е минималната цена на солиден оптички нишан? Во оваа статија ќе пробаме да ви дадеме основни познавања на оптичките нишани и да ви помогнеме да го одберите најдобриот за вас.

Како да се одбере оптички нишан?

Повеќе е подобро,така? Епа не секогаш. Ловците на светско ниво во моментов се обземени од едена пазарна мегаломанија која ги притиска секогаш да одат на повеќе, моќни магнуми, оптики со огромна магнификација и слично. Ако проблемот со предходната генерација е тоа што користеа премногу слабо оружје за дивечот кој го ловеа па тоа резултираше со често промашување и ранување дивеч – денес е сосем спротивно, премногу моќни магнуми и оптики со огромна магнификација се користат на дивеч кој не е премногу голем (бидеќи сепак ние во Македонија не ловиме бизони и слонови) и додатно се користат најчесто на раздалечености од околу 100 метра а некогаш и помалку. Огромната магнификација го отежнува пронаоѓањето на дивеч на релативно мали дистанци и го комплицира изведувањето добар погодок.

Оптичките нишани со 3-9х40 магнификација или широко аголните нишани се сметаат за најдоброто универзално решение за типот на лов кој го имаме ние на Европскиот континент. Причина за ова е фактот дека зголемувањето х3 е доволно ниско за да ни помогне да го најдеме дивечот и прецизно да го одстреламе на помали дистанци а зголемувањето х9 е доволно да се направи добар погодок на релативно поголеми дистанци(тука не сметаме на екстремни дистанци на кои и реално кај нас ретко се стрела). Луѓето често бираат магнификации од 14, 16 и повеќе што најчесто е грешка особено ако сте почетник. Во светот на оптичките нишани повеќе не секогаш е подобро. Исто така пресложени оптики со огромни турети се минус доколку не знаете да ги користите бидеќи значително го комплицираат и така комплицираниот процес. Долната магнификација на овие моќни нишани е премногу за да направите погодок на мала дистанца.

Таа долна магнификација најчесто е поважна од горната бидеќи секогаш можете да направите добар погодок на голема дистанца со мала магнификација но правењето погодок на блиска мета со огромна магнификација е скоро невознможна.

Што значат Броевите

На оптички нишан со магнификација од 3-9х40 првиот прој одностно 3 значи дека сликата гледана низ нишанот ќе биде поголема за три пати. 9 значи дека ќе биде поголема за девет пати односно со подесување ќе можете да ја гледате метата зголемена за 3,4,5,6,7,8 или 9 пати – ова се вика варијабилен оптички нишан бидеќи зголемувањето е подесиво. 40 значи дека дијаметарот на објективот на нишанот е 40 милиметри.

Кое зголемување е најдобро за која употреба?

Како што рековме предходно 3-9х40 е сосема солидна конституција на оптички нишан кој би се користел во погонски лов.

Исто така во овој лов одличен избор се широкоаголните оптички нишани како на пример 1-4х24 бидеќи ни даваат огромно видно поле што значи лоцирањето подвижен дивеч ќе биде многу полесно. Додатно пронаоѓањето на дивеч после првиот истрел е значително олеснето бидеќи имаме подобар преглед на она што се наоѓа пред нас.

За отстрел на дивеч на поголеми дистанци како на пример ловот на дивокоза потребни се оптички нишани со поголема магнификација и често се користат нишани како 4-16х44, 4-16х56 па дури и.6-24×50.

Кај нас ставањето оптички нишани на пиштоли е ретко но сепак треба да се спомене – на пиштолите најчесто се користи магнификација не поголема од х2.

Како да се одбере монтажа за Оптичкиот Нишан?

Најчеста димензија на тубусот на оптички нишани кај нас е 25мм и 30мм што значи дека треба да внимаваме кога избираме прстени за монтажа да ја одбереме точната димензија. Повеќето компании нудат соодветна монтажа за оптиката која ќе ја купите од нив што го олеснува изборот за по неискусните. Монтирањето на оптички нишани врз кинески и останати монажи најчесто од непознат производител не е воопшто препорачливо бидеќи колку и да е квалитетен и скап оптичкиот нишан кој сте го одбрале доколку нема соодветна монтажа нема да ги добиете посакуваните резултати.

Колку треба да потрошите на вашиот оптички нишан?

Европските ловци имаат една поговорка – оптичкиот нишан треба да чини дупло повеќе од вашата пушка! Оваа поговорка е можеби малку екстремна но секогаш треба да се има во предвид дека добрите оптички нишани чинат доста.

Побргу би набавил пушка од 500€ и би и поставил оптички нишан од 500€ одколку да набавам пушка од 2000€ и да и ставам оптички нишан од 150€. Сум видел премногу одлични пушки опремени со ужасни оптики начесто набавени од али експрес за педесетина евра кои се изместуваат на секој трет погодок. Доколку сакате да добиете конзистентност во вашите погодоци најдолниот минимум кои ќе го потрошите за солидна оптика треба да биде околу 200€. Доколку сакате навистински добар и надпросечен оптички нишан бидете спремни да го одврзете ќесето бидеќи цената на таков нишат варира од петстотини па се до неколку илјади евра. Секогаш купувајте од овластен продавач и бидете сигурни дека оптичкиот нишан кој го добивате е оригинален.

Светот на оптичките нишани е доста голем и обемен, во денешната статија само загребавме на неговата површина. Во наредните статии ќе разговараме за различните леќи, пренос на светлина, облоги на леќите, поле на гледање и многу други теми кои произлегуваат од оваа.

Четири од Нај Познатите Парчиња Оружје во Историјата

Некои парчиња оружје го поминуваат целото свое постоење на некој рафт во продавница за оружје или завиткани во крпа заборавени длабоко во фиоките на некој дедо. Но некогаш се случува одреден пиштоли и пушки да завршат во рацете на луѓе кој ја менуваат и креираат историјата некогаш и на цели нации. Овие парчиња се сон на секој колекционер на оружје и често достигнуваат и 6 цифрени цени на разни аукции. Ова е првата статија од серијалот во кој ќе разгледуваме вредни парчиња оружје од колекциите на историски личности.

‘Паркерот’ На Рускиот Цар Николај II

 За време на Првата Светска Војна група Руски офицери од свитата на Царот Николај II порачале прекрасна двоцевка модел А-1 Специјал од Американскиот производител Паркер. Набргу во Русија избила Револуцијата во која животот го изгубија милиони луѓе меѓу кои и самиот Цар Николај II. Од тој момент колекционери низ целиот свет шпекулираа за судбината на оваа пушка, некои сметаа дека е однесена од виорот на револуцијата, други пак дека е во приватните колекции на познати Советски функционери.

Мистеријата беше разрешена во 2007 година кога се појави сопственикот на оваа пушка – приказната всушност не беше воопшто фасцинантна, пушката никогаш не стигнала во Русија! По смртта на Царот компанијата ја продала оваа прекрасна пушка на човек од Њујорк чии што потомци ја понудија на аукција во 2007 година. Оваа пушка беше продадена за неверојатни 287,500 Долари.

‘Колтовите’ на Бони и Клајд

Буквално не постои човек на свветот кој нема слушнато за еден од најпознатите парови во историјата на криминалот. Бони Паркер и Клајд Буроу беа професионални криминалци од 1930ти те години од минатиот век. Овој пар ги терроризираа Американските ѓраѓани низ голем број на американски сојузни држави ограбуваќи банки и убиваќи луѓе попатно. За време на нивното 3 годишно дивеење од 1931 до 1934 тие убија 9 полицајци и 3 цивили.

На 23 Мај 1934 година двајцата беа убиени во полциска заседа во сојузната држава Луизијана од страна на познатиот тексашки ренџер Френк Хамер. При претресувањето на нивните тела во појасот на Клајд е пронајден класичниот Колт 1911 во калибарот .45 АЦП а на бедрото на Бони е пронајден залепен револвер Колт .38 Специјал. Пиштолот на Клајд беше продаден на аукција за 240.000 Долари а револверот на Бони за 264.000 односно цената на двете оружја достигна неверојатни половина милион долари!

Моделот 10 ФН на Гаврило Принцип

Нема многу пиштоли на светот кој ги имаат променето текот на современата светска историја. 19 годиншниот србин Гаврило Принцип со само два истрели од овој пиштол го смени текот на историјата како во Европа така и во Светот. На 28 Јуни 1914 Принцип со белгискиот ФН Модел 10 во калибарот .380 АЦП (9х17-кратка 9ка) го уби престолонаследникот на Австро-Унгарската Империја, Франц Фердинанд што беше поводот за почнување на Првата Светска Војна која значително ги измени политичко економските текови на Европа и Светот и во која животот го загубија десетици милиони луѓе. Овие два истрели подоцна го донесоа крајот на Руското Кралство, Кралството Германија, Кралството Австро-Унгарија и уште многу други држави. Со тоа овој пиштол е можеби колекциски еден од највредните во човековата историја.

Цената на ова парче оружје не е позната бидеќи никогаш не бил на јавна аукција – моментално се наоѓа во Воениот Музеј во Виена.

Револверите на Патон

Генералот Џорџ С. Патон е еден од најинтересните генерали во историјата на војувањето. Крајно ексценричен и храбар овој Генерал беше препознатлив по неговиот уникатен вкус за оружје. Генералите и високите офицери најчесто носат мали и не впечатливи пиштоли повеќе од  церемонијално-протоколарни причини одколку од некоја реална потреба. Но тоа не беше случај со Патон, стариот генерал кој во својот живот доста пати се најде во живото загрозувачки воени средини нбеше познат по носењето на дури 2 пиштоли во неговиот луксузно изработен каубојски појас со специјални футроли.

 Ставнува збор за Колт Модел 1873 Писмејкер кој е еден од најпрепознатливите питоли од ‘Дивиот Запад’. Патон го купил во 1916 и го носел со него за време на инвазијата на Мексико каде и му го спасил животот кога Патон со него застрелал 3ца Мексикански бунтовници. Вториот пиштол е Смит и Вессон Модел 27 во калибарот .357 кој Патон го набавил во 1935 година. Двата пиштоли имаат рачки од слонова коска со личниот потпис на Генералот, Колтот е исто така украсен со прекрасни декорации по целата негова површина. Двата револвери во моментов се наоѓаат во Музејот на Патон во Форт Нокс Кентаки.

“Пластичните Пиштоли” – И зошто тие се иднината

Нов Шериф во Градот

Пред само неколку децении користењето на пластика во оружената индустрија беше незамисливо. Познатиот спој на суров челик и дрво делуваше дека ќе биде незаменлив за секогаш. Но од раните 60ти години на минатиот век, со пронаоѓањето на многу нови полимерни соединенија кои се покажуваа како се по практични и издржливи, пластиката почна да го трасира својот пат во светот на оружјето.

И покрај присуството на овие материјали уште од почетокот на минатиот век, вистински почнаа да добиваат на популарност во средината на 80тите години од минатиот век со појавата на еден од најреволуционерните пиштоли на 20ти век – австрискиот Глок. Како и околу се што е ново и околу овој нов пиштол почнаа да се градат митови како на пример популарниот мит дека глокот може да помине на скенер за метал (што е далеку од вистината) кои уште толку го зголемуваа интересот за овие нови материјали.

Денес полимерот ги доминира светските пазари, но сепак голем број на луѓе се уште одбиваат да ги прифатат бенефитите на користењето на овие материјали. Доколку ги оставиме на страна визуелно/ергономските страни на челикот и дрвото, скоро и да нема прична нив да им оставиме место во 21 првиот век. Затоа во оваа статија ќе ги разгледаме дел од предностите на полимерите и како тие го сменија светот на оружјето за секогаш.

Реклама на компанијата Глок од 1989 година

Практичност пред Убавина

Најчестата забелешка која ја слушам помеѓу љубителите на оружје е околу визуелниот изгледа на ‘пластичните пиштоли’, но со оглед на тоа дека оружјето е алат треба секогаш да имаме на ум дека ‘убавината’ на истото секогаш треба да доаѓа после практичноста! Од овој аспект полимерот во секој поглед доминира над традиционалните начини на изработка на оружје.

Првенствено полимерските пиштолски рамови се далеку по лесни во однос на челичните што го прави носењето на овие пиштоли далеку по пријатно. Тоа што пиштолот тежи значително помалку доаѓа особено до израз доколку го носиме често и долго со нас. Само за илустрација, празен Глок 17 5та генерација тежи околу 630 грама за разлика од Заставиниот ЦЗ99 кој тежи околу 980 грама односно околу 50% повеќе. Оваа разлика воопшто не е мала и особено ќе ја осетите доколку го носите пиштолот неколку часа со вас или кога правите големи физички напори.  Додатно разликата во маса дозволува да носите поголема количина на муниција со вас на сметка на оваа разлика што е секогаш огромен плус особено кога се работи за службено или ловечко помошно оружје.

Друга голема предност на овој тип оружје е поголемата издржливост на надворешни фактори. Како што знаеме денес пластичните соединенија знаат да бидат поцврсти од многу метали и нормално не оксидираат. Што значи вашиот пиштол ќе биде далеку поиздржлив на надворешн влијанија како влага и слично. Сето ова ги прави овие пиштоли далеку по лесни за одржување, со исклучок на цевката и слајдот овие пиштоли скоро и да не бараат никакво чистење. Додека челичните пиштоли кои се носат редовно имаат потреба од брунирање на одреден број години, пластичната рамка ќе изгледа како нова и по неколку децении.

На самиот крај последната и најважна придобивка е цената. Лиењето полимер во калап е многу по исплатливо во однос на обработката на парчиња челик во форма на пиштол. Ниските производни цени ги направија пиштолите далеку по пристапни до обичниот граѓанин и придонесоа за огромната популарност на полимерот. Денес не ретко ќе најдете одличен полимерски пиштол за некогаш дури и половина цена на просечниот метален на пазарот.

Поради сите овие фактори денес ‘пластиката’ доминира на рафтовите во продавниците со оружје и е нешто на што ќе треба се повеќе да се навикнуваме. Ако пред 20 години можевме на прстите од една рака да ги изброиме компаниите кои произведуваа пиштоли со полимерски делови, денес скоро и да нема компанија на пазарот која не произведува бар една линија на вакви пиштоли. Темата кои пиштоли  се ‘поубави’ ќе остане уште долго како точка на раздор помеѓу љубителите на оружје но како што сите знаеме – за вкусови не се дискутира.

Викендов се Одржа Grand Prix Skopje 2020

Овој викенд на стрелиштето ‘Камник’ во Скопје се одржа една од најпопуларните стрелечки манифестации во нашата држава. На 12ти и 13ти септември голем број стрелци си ги одмерија силите на четиринаесеттиот по ред отворен интернационален турнир Grand Prix Skopje.

Како и секогаш овој прекрасен турнир не ги разочара како учесниците така и гледачите. Тимот на Македонската Спортска Стрелачка Федерација и покрај предизвиците со кои се соочи поради епидемијата со Ковид 19, успеа одлично да го организира и спроведе овој популарен натпревар.

Големиот број на различни категории на натпреварот привлекоја многу натпреварувачи од нашата држава, како рекреативци така и професионални стрелци. Како и секогаш голем број на припадници на безбедносните сили на Република Македонија зедоа учество во овој натпревар и уште еднаш ги докажаа своите способности.

Натпреварувачите имаа прилика да се натпреваруваат поединечно и екипно во категориите target rifle на 100 метри, target rifle на 300 метри, пушка 100 метри, снајперска тактичка полуавтоматска пушка 100 метри, снајперска ловна пушка на 200 метри, револвер на 25 метри и пиштол 25 метри.

На стрелиштето имавме прилика да видиме доста интересни ‘парчиња’ оружје по што ние одлучивме дека и македонските стрелци и те како имаат ‘вкус’ за оружје односно дека полека но сигурно стрелечките спортови Македонија стануваат се по популарни.

На крајот  тимот на Guns Macedonia и честита на Македонската Спортска Стрелечка Федерација за успешно и пред се-безбедно организираната манифестација.

На линкот подолу можете да ги видите победниците по категорија

Чешката Влада го Поддржа Предлогот Самоодбраната да Стане Основно Човеково Право

Во последната деценија, Чешката држава стана еден од најупорните борци против Европските легислативи за разоружување на граѓаните. Во оваа држава членка на ЕУ граѓаните уживаат една од најголемите слободи кога е во прашање поседувањето огнено оружје и самоодбраната.

Сега, Чешкиот сенат предлага уставна измена со која правото на самоодбрана и одбрана на другите со огнено оружје ќе стане дел од листата на основни човекови права и слободи. Ова е нешто што за првпат би се случило на Европскиот континент а е налик на вториот амандман во уставот на САД. Со ова би се отежнале идни промени на легислативата околу оружјето и самоодбраната под притисок на Европската Унија.

Чешката министерка за Правда – Мари Бренешова изјави дека Чешката влада го поддржува предлогот на сенатот и покрај тоа што по ова прашање предходно владата беше резервирана.

Во последните години, Чешка е листирана како една од 10те најмирни држави на светот според глобалниот мировен индекс. Во 2020 таа дојде од 10то на 8мо место. Ова е уште еден доказ дека либералните закони за оружје придонесуваат за сигурноста.

5те Најдобри Карабини на Македонскиот Пазар Под 1000 Еур

Едно од најубавите чувства е кога во вашите раце ќе го земете одобрението за набавка на оружје. Но во време на огромен избор овој момент колку што носи радост толку носи и конфузија, што да се одбере од огромната лепеза на ловечки и спортски карабини. Често пати мораме да направиме избор кој нема премногу да го оптерети нашиот џеб што не носи во уште поголема дилема. Затоа во ова статија направивме топ листа на 5те најдобри карабини на македонскиот пазар кој чинат помалку од 1000 евра.

  1. Чешка Зброевка 557

Чешките карабини се доста долго присутни на нашиот пазар уште од моделот 550  и се покажаа како многу квалитетни и прецизни оружја кои ќе ги задоволат вашите стрелечки потреби без да ве чинат цело богатство. Доколку сакате одлична работна пушка која ќе функционира и во тешки временски услови ЧЗ е правиот избор!

2. Ремингтон 783

Иако доста нова на нашиот пазар, компанијата Ремингтон е едно од најголемите имиња во светот на оружјето. Со оглед на тоа дека се работи за гигант кој произведува карабини повеќе од 100 години нема потреба од големи објаснувања за неговата репутација. Овој модел доаѓа во неколку конфигурации и е познат по неговиот докажан систем на бравење и одличниот систем на окинување кој може да парира и на многу по скапи спортски пушки.

3. Мосберг Патриот

Американската компанија Мосберг својата најголема популарност на пазарот ја постигна со една од најпознатите пумпарици на светот – моделот 500. Но покрај линијата на одлични сачмарки Мосберг успеа да изгради име и во светот на карабините, понудуваќи врвен квалитет и прецизност за многу пристапна цена.  Оваа пушка и покрај традиционалниот изглед нуди и многу модерни решенија како навој на цевката за монтирање на компензатор, глутиран затворач и променлив пластичен магацин.

4. Бергара Б14

Оваа Шпанска компанија иако доста нова на пазарот полека станува една од најголемите имиња во светот на карабините. Со одличната спортско/ловечка конфигурација оваа пушка ги освојува срцата на илјадници стрелци низ светот. Бидеќи Бергара повеќе децении се занимава со производство на карабински цевки не е изненадување фактот дека квалитетот на цевката е еден од најголемите адути на оваа пушка. Оваа компанија со гордост изјавува дека Бергарата доаѓа суб-моа од кутија!

5. Тикка Т3 Бату

Компанијата Тикка повеќе од 100 години на светот му го нуди одличниот квалитет кој извира од долгата Финска ловечка историја. Позната како една од најиздржливите пушки на пазарот денес Тикката е одличен избор доколку саката оружје кое ќе биде издржливо на секакви временски неприлики и ќе може да поднесе доста “малтретирање”, бонус на сето тоа е прецизноста на која ретко која друга компанија може да и парира.

Напишал: Владимир

Канада забранува повеќе видови на оружје после нападот во Нова Скотиа

После само неколку недели од нападот во Нова Скотиа, кога вооружен 51 годишен граѓанин застрела 13 луѓе, канадскиот премиер Џастин Трудо најави забранување на голем број видови огнено оружје.

Имено Канада ќе ги забрани сите полу-автоматски оружја кои наликуваат на ‘воено јуришно оружје’ .

“Овие оружја се направени само со една цел: да се убие што поголем број на луѓе во најкратко време, нема потреба и место за такви оружја во Канада” кажа Трудо.

Исто така властите во Канада најавија дека ќе има програм за откупување на овој тип на оружје од страна на граѓаните кои во моментов го поседуваат легално.

Канада досега важеше за држава со доста либерални закони за оружје но очигледно тоа полека ќе се менува. Лоби групите кои ги штитат правата на вооружените граѓани сметаат дека Трудо и владата само ја користат трагедијата во Нова Скотија за да ја исполнат својата анти-оружана агенда која беше едно од предизборните ветувања на Трудо.

Како Правилно Да Се Фотографираме Со Отстрелан Дивеч

Одстреланиот дивеч е гордост на секој успешен ловец, па затоа од секогаш ловците се трудат да го овековечат тој спомен. Денес благодарение на развојот на модерната технологија секој од нас има можност да го направи тоа – ако не со професионален фото-апарат, барем со мобилниот телефон кој секој од нас го носи во својот џеб. Но да се направи совршената фотографија и не е така лесно како што можеме да видиме на фејсбук и инстаграм профилите на многу ловци, особено кај нас. Во оваа статија ќе најдете неколку едноставни совети како да ја направите совршената ловечка фотографија која и по многу години ќе извлече воздишки од секој што ќе ја види.

Припрема

На многу профили на социјалните мрежи можеме да видиме ловечки слики кои повеќе наликуваат на сцена од хорор филм. Ваквите слики го нарушуваат угледот на ловците и често се користат во анти-ловечки кампањи, посебно денес кога овие фотографии лесно циркулираат низ социјалните мрежи. Преместете го дивечот на чисто место и колку што е можно исцчистете ја крвта, како од дивечот така од вас – крвавите раце никогаш не изгледаат убаво!

Убава Позадина

Доколку е возможно погрижете се покрај дивечот да се пофалите и со убав пејсаж во позадина, ова покрај што ќе ја зголеми естетската вредност на сликата ќе ви олесни во иднина да се потсетите на местото на одстрел.

Позиционирање

Најдобро е да се сликате во седечка позиција позади дивечот – така најдобро ќе се гледа големината на одстреланиот дивеч. Немојте да застанувате далеку зад дивечот со цел тој да изгледа поголем, тоа е доста очигледно и со тоа само опаѓа почитта за вас во очите на другите ловци. Доколку се слика поголема група на ловци, ‘среќникот’ треба да биде на средина на сликата.

Почит

Вистинскиот ловец го почитува дивечот, поставете го во достоинствена позиција и застанете достоинствено на сликата. Газење и лежење врз дивечот како и поставување на дивечот во омаловажувачки позиции е крајно неловечко а и не човечко однесување.

Се надеваме дека оваа статија ќе ви помогне следната ловечка сезона да ги овековечите убавите моменти, бидете горди што сте ловци и пофалете се со нив! Добар Поглед!

Design a site like this with WordPress.com
Get started